25 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФутсал: Минимална победа на Македонија

Футсал: Минимална победа на Македонија

futsal-euro11

Футсал репрезентацијата на Македонија минимално славеше над Швајцарија со 7:6 во второто коло на квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство. Македонија со оваа минимална победа си ги намали шансите за освојување на второто место и пласман во баражот.

Македонските репрезентативци одигра добри 30-тина минути кога стигнаа до предност од 6:1, но по огромниот пад во играта во последните десет минути им дозволија на Швајцарците за изборат чесен пораз.

Во првиот меч од групата Шпанија очекувано славеше над Унгарија (5:0) и со шест бода и гол разлика 14:1 е прва на табелата, Македонија е втора со четири бода и гол разлика 10:9, Унгарија е трета со еден бод и гол разлика 3:8, додека Швајцарија е последна без бодови.

Во последното коло на 21.март, Македонија ќе игра со Шпанија, а Унгарија против Швајцарија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП