12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМари-Ѓоковиќ полуфинале во Индијан Велс

Мари-Ѓоковиќ полуфинале во Индијан Велс

djokovic-mari

Новак Ѓоковиќ и Енди Мари ја формираа првата полуфинална двојка на Мастерс турнирот во Индијан Велс.

Првиот светски рекет и бранител на трофејот во Индијан Велс, Новак Ѓоковиќ, без борба се пласира во полуфиналето, откако неговиот противник Бернард Томиќ поради болки во грбот се откажа од мечот.

Томиќ изјавил дека во наредните недели најверојатно ќе мора да замине на операција на грбот.

Енди Мари до полуфиналето стигна со победата од 2:0 (6:3, 6:4) над Шпанецот Фелисијано Лопез.

Мари против Лопез ја запиша 497-та победа во кариерата со што влезе во историјата на британскиот тенис, како играч со најмногу победи на АТП турот.

Полуфиналето во Индијан Велс помеѓу Ѓоковиќ и Мари ќе биде реприза на финалето на првиот Грен слем во сезоната, во Мелбурн на Австралијан Опен српскиот тенисер славеше над Британецот и ја освои титулата.

Инаку, Ѓоковиќ и Мари досега се имаат сретнато 24 пати, а Србинот води со 16-8 и е во серија од пет последовни победи. Мари последен пат славел над Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон во 2013 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП