20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПарма прогласи банкрот

Парма прогласи банкрот

parma1

Италијанскиот прволигаш Парма поради долгот од 100 милиони евра прогласи банкрот и соопшти дека е неизвесно понатамошното учество на клубот во Серија А.

Откако во вторникот беше уапсен претседателот на Парма, Џанпјетро Маненти, поради перење на пари, клубот не сакаше да се спротивстави на стечајната постапка која ја одреди судот во Парма.

Фудбалерот на Парма, Даниеле Галопа, рекол дека не е сигурен дека клубот ќе ја заврши сезоната и порачал дека тоа зависи од многу фактори. Пред десет дена челниците на Серија А излегоа со план дека Парма би можела да ја заврши сезоната со помош на останатите клубови. Овој план го прифатија сите екипи од Серија А, со исклучок на Чезена.

Парма во моментов се наоѓа на последното место во првенството со само девет освоени бодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП