15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВолфсбург подготви 45 милиона евра за Лукаку!

Волфсбург подготви 45 милиона евра за Лукаку!

lukaku s

Шампионот на Германија од 2009-та година, Волфсбург, планира да ја нападне титулата во Бундеслигата од новата сезона.

За да биде шансата уште поголема, „волците“ се подготвени да направат сериозен трансфер – Ромелу Лукаку.

Според печатот во Англија вториот на табелата во Германија во текот на оваа сезона планира да инвестира 45 милиони евра за напаѓачот на Евертон.

Во моментов главен реализатор на тимот е Бас Дост со 13 гола. По него со 9 е ѕвездата на тимот Кевин де Бруин.

За шампионските амбиции на тимот зборува и изјавата на спортскиот директор Клаус Алофс, кој најави дека Де Бруин останува во нивните редови, без разлика каква понуда ќе пристигне за него за време на летниот преоден рок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП