9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКук победи, Јансурд го освои малиот глобус во супервелеслалом

Кук победи, Јансурд го освои малиот глобус во супервелеслалом

jansurd

Канаѓанецот Дастин Кук е победник на последната трка во супервелеслалом во натпреварувачката сезона 2014/2015.

Супервелеслаломот се возеше во францускиот ски центар Мерибел, а Кук до победата стигна со време од 1:06.04 минути, што за пет стотинки беше подобро од остварувањето на второпласираниот Норвежанец Кјетил Јансурд, кој на крајот го освои малиот Кристален глобус наменет за севкупниот победник во оваа дисциплина.

Осум стототинки зад победникот Кук беше домашниот скијач Брис Рожер.

Јансурд со освојувањето на второто место му се доближи на лидерот во генералниот пласман Марсел Хиршер на само 34 бодови, но тешко е да се верува дека тој ќе го загрози Австриецот бидејќи до крајот останаа да се возат техничките дисциплини во кои Хришер е супериорен во однос на конкурентот.

Во Мерибел в сабота ќе се вози трката во велеслалом, а в недела во слалом.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП