Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер, ги одбил поканите на телевизиите BBC и Sky за учество во дебата со останатите тројца кандидати кои учествуваат во трката за претседател на Светската куќа на фудбалот.

Изборите за претседател на ФИФА ќе бидат одржани на 29-ти мај во Цирих.
Претседателот на Фудбалската федерација на Холандија, Михаел Ван Праг, поранешниот фудбалер на Барселона, Реал и Интер, Луис Фиго, и јорданскиот принц Али Бин Ал Хусеин, кои се опонентите на Блатер се согласиле да учествуваат во предизборната дебата.
Сеп Блатер (72) на 29-ти мај ќе се бори за својот петти мандат на чело на ФИФА.