24 јуни, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОВон победи и во супервелеслалом

Вон победи и во супервелеслалом

1076_538986214

Американката Линдзи Вон го освои малиот Кристален глобус во супервелеслалом за оваа сеозна, откако победи на трката во Мерибел. Вон го освои петтиот кристален глобус во оваа дисциплина, кој е вкупно 19-ти во нејзината кариера. Вон во средата ја прослави севкупната ппобеда во спуст за оваа сезона.

Американката победи во супервелеслаломската трка со време од 1:07.70 минути и го подобри рекордот според бројот на победи во Светскиот куп на 67.

Зад Вон трката ја завршија Ана Фенингер (1:08.19) и Тина Мазе (1:08.50), овое две скијачки водат голема борба за севкупна победника во Светскиот куп. На две трки до крајот Фенингер води со 1453 бодови, 32 повеќе од Мазе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар