2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМиркуловски се сели во Вецлар каде ќе го менува Балиќ

Миркуловски се сели во Вецлар каде ќе го менува Балиќ

filip mirkulovski

Филип Миркуловски од јуни ќе го носи дресот на Бундеслигашот Вецлар. Македонскиот репрезентативец потпишал две годишен договор со оваа екипа.

Миркуловски во моментов е член на Хановер, каде се пресели по кризата која му се случи на Металург.

Во моментов член на Вецлар е Дејан Манасков, но тој и Миркуловски нема да играат заедно во наредната сезона бидејќи крилниот ракометар по завршувањето на сезоната ќе се врати во Македонија и ќе го облече дресот на Вардар.

Инаку Миркуловски во Вецлар треба да го замени Ивано Балиќ кој ќе стави крај на кариерата.

„Голема чест од Вецлар. Треба да го заменам ‘ракометниот Моцарт’. Голема чест и одговороност. Од јуни две сезони во дресот на Вецлар“, напиша Миркуловски на својот Фејсбук профил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП