20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДи Марија e очаен, бара пат за бегство oд Јунајтед!

Ди Марија e очаен, бара пат за бегство oд Јунајтед!

anhelee

Рекордното купување на Манчестер Јунајтед, Анхел ди Марија го известил својот агент Жорже Мендеш дека сака да го напушти тимот по само 7 месеци откако е на „Олд Трафорд“.

Во моментов, финалистот од СП 2014 го доживува можеби најтешкиот период во кариерата, а фактот дека со платени 59,7 милиони фунти за него го скрши британскиот трансферен рекорд, не му помага особено. Ди Марија тргна моќно за „црвените ѓаволи“ во почетокот, но постепено формата му падна. Во првите пет натпревари тој постигна 3 погодоци, но оттогаш досега се запиша само еднаш.

Според медиумите во Шпанија 27-годишниот играч очајно сака промена на ситуацијата и веќе го поттикнал својот агент да работи на ова прашање.

Ди Марија тешко се навикнува со животот на Островот, а во почетокот на 2015-та година неговата куќа беше ограбена од крадци.

Пред некое време менаџерот на „црвените ѓаволи“, Луис ван Гал изјави дека не ја исклучува можноста за разделба со Ди Марија.

Познато е дека во текот на летото јужноамериканецот го напушти Реал Мадрид против своја волја, а се одлучи за Јунајтед пред понудата на ПСЖ. Во Франција се зборува дека интересот на „светците“ кон него се уште не згаснал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП