13 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИндијан Велс: Серена и Халеп во полуфиналето

Индијан Велс: Серена и Халеп во полуфиналето

serena halep

Првата и третата носителка на Мастерсот во Индијан Велс, Серена Вилијамс и Симона Халеп изборија пласман во полуфиналето.

Серена Вилијамс, која 12 години го бојкотираше овој турнир, славеше над Швајцарката Тимеа Башчински со 7:5, 6:3. Клуч за победата на Вилијамс беше 11-от гем од првиот сет, кога успеа да спаси две брејк топки, а потоа и да го освои сетот. Башчински против Серена го забележа првиот пораз по серијата од 15 победи.

Симона Халеп која во Калифорнија допатува по трагичната вест дека нејзина блиска роднина извршила самоубиство, до полуфиналето стигна во три сета. Романката славеше над Карла Суарез Наваро со 5:7, 6:1, 6:1.

Серена Вилијамс и Симона Халеп досега пет пати играле меѓу себе, Американката води со 4-1. Последните два меча ги одиграле на минатогодишниот завршен Мастерс, Романката победи во групата со 6:0, 6:2, а Американката и се реваншираше во финалето со победата од 6:3, 6:0.

Втората полуфинална двојка ќе биде комплетирана по одигрувањето на мечевите помеѓу Јелена Јанковиќ и Лесја Цуренко, односно Флавија Пенета и Сабине Лисицки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП