26 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛШ: Жрепката по нов систем, без правила

ЛШ: Жрепката по нов систем, без правила

ls nova

Четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите ќе бидат извлечени в петок во 12 часот, во седиштето на УЕФА во Нион. Место меѓу осумте најдобри обезбедија Реал, Атлетико, Барселона, ПСЖ, Монако, Баерн Минхен, Порто и Јувентус.

Инаку за разлика од осминафиналето кога извлекувањето беше полудиригирано (победниците во групите играа против вторпласираните и не можеа меѓусебе да играат клубови од иста земја), во четвртфиналето се можни сите комбинации. Постои веројатност уште во четвртфиналето да се сретнат шпанските вечни ривали, или топчињата да ги спојат мадридските ривали…

Интересно пет од овие осум екипи играа и минатата сезона во четвртфиналето, оваа сезона нови имиња се Јувентус, Порто и Монако.

Втор пат во последните три сезони Англија нема свој преставник во осминафиналето, додека Франција последен пат два тима меѓу најдобрите осум имала во 2010-та година.

Термините за одигрување на четвртфиналните мечеви се 14-ти и 15-ти април, односно 21-ви и 22-ри април, додека финалето ќе се игра на 6-ти јуни во Берлин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП