3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Блескави изданија на Двејн Вејд и Никола Миротиќ

НБА: Блескави изданија на Двејн Вејд и Никола Миротиќ

Untitled

Единаесет натпревари се одиграа во НБА лигата, на осум од нив победи забележаа екипите кои играа на домашен терен. Мајами благодарение на Двејн Вејд славеше над Портланд, Никола Миротиќ блескаше во победата на Чикаго над Индијана, додека Орландо и Детроит загубија иако Елфрид Пејтон и Реџи Џексон забележаа ‘трипл дабл’.

Вејд беше вистински лидер на својот тим кој славеше над Портланд со 108:104. Вејд постигна 15 поени во последната четвртина, а мечот го заврши со 32 поени, 4 скока и 6 асистенции. Преку 20 поени за Мајами постигнаа уште и Луол Денг (24 поени) и Горан Драгиќ (20 поени, 11 асистенции).

Ламаркус Олдриџ со 34 поени и 12 скокови го предводеше Портланд.

Чикаго славеше над Индијана со 103:96, а Миротиќ имаше учинок од 25 поени, 9 скока и 2 асистенции.

Расел Вестбрук имаше лоша шутерска вечер (8/26 од поле) но сепак со 26 поени, 5 скока и 10 асистенции придонесе во победата на Оклахома над Бостон од 122:118.

Далас славеше над Орландо со 107:102, а до победата го предводеше ветеранот Дирк Новицки со 25 поени. Кај Орландо Пејтон забелеша ‘трипл дабл’ од 15 поени, 10 скока и 12 асистенции.

Детроит го забележа единаесеттиот пораз на последните дванаесет натпревари. Филаделфија славеше со 94:83, а мечот го одбележа бекот на Пистонс, Реџи Џексон кој имаше 11 поени, 11 скокови и 10 асистенции.

Резултати: Филаделфија-Детроит 94:83, Кливленд-Бруклин 117:92, Торонто-Минесота 105:100, Мајами-Портланд 108:104, Јута-Вашингтон 84:88, Голден Стејт-Атланта 114:95, Далас-Орландо 107:102, Оклахома-Бостон 122:118, Чикаго-Индијана 103:86, Милвоки-Сан Антонио 103:114, Сакраменто-ЛА Клиперс 105:116.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП