26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГолден Стејт во дербито ја декласира Атланта

Голден Стејт во дербито ја декласира Атланта

HAWKS-schroder-millsap-RED-bobstanton.vadapt.955.high.0

Ноќта помеѓу средата и четвртокот во НБА лигата го донесе дуелот на конференциските лидери, Голден Стејт и Атланта. Победата во дербито ја однесе Голден Стејт, чии кошаркари убедливо славеа со 114:95.

Голден Стејт по оваа победа е лидер во НБА лигата со скор од 54 победи и 13 порази, додека Атланта е на второто место волигата, прво во Источната конференција, со скор од 53 победи и 15 порази.

Македонскиот интернационалец Перо Антиќ на теренот во Оукланд одигра речиси 20 минути со учинок од три поени (ги погоди сите слободни фрлања), пет скока и една асистенција.

Најефикасни во редовите на Атланта беа Пол Милсап и Демар Керол кои постигнаа по 16 поени, додека потфрли Ал Хорфорд кој уфрли само осум поени.

Голден Стејт мечот го одигра без еден од своите најдобри играчи, Клеј Томпсон, неговото место во стартниот состав го зазеде Херисон Барнс кој со 25 поени беше најефикасен на натпреварот.

Одличен меч за Вориорси одигра и Андре Игудала (21 поен, 6 асистенцции), како и Стефон Кари (16 поени, 12 ассистенции).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП