4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТевез ја потопи Борусија, Харт го спаси Сити од катастрофа

Тевез ја потопи Борусија, Харт го спаси Сити од катастрофа

Borussia Dortmund 0-3 Juventus

Јувентус и Барселона се последните тимови кои обезбедија место во четвртфиналето во Лигата на шампиони. Јувентус во реваншот ја декласира Борусија во Дортмунд со 3:0, додека Барселона славеше минимално над Манчестер Сити (1:0).

Јувентус во Дортмунд допатува со предност од 2:1, која ја зголеми по три минути кога Тевез од 25 метри го изненади Вајденфелер погодувајќи го аголот кој тој требаше да го брани.

Во продолжение на мечот Јувентус тактички ја надигра Борусија. Домашниот тим ја имаше топката, напаѓаше, но не успеа да создаде ниту една гол шанса, додека играчите на’старата дама’ од контранападите сериозно се зајануваа кон голот на Вајденфелер.

Една таква контра во 70.минута во гол ја претвори Алваро Мората, а судбината на Борусија ја запечати Тевез со својот втор гол постигнат во 79.минута.

Јувентус со оваа победа барем малку ги залечи раните од 1997 година, кога од Борусија ја загуби европската круна, а исто така по пауза од осум години избори пласман меѓу најдобрите осум тимови во шампионската лига.

Барселона на „Ноу Камп“, славеше само со 1:0 над Манчестер Сити иако можеше да го декласира противникот. ‘Виновник’ што Сити ја напушта Барселона со само еден прмен гол е голманот Џо Харт кој одбрани пет чисти шанси. Покрај тоа играчите на Барселона два пати ја погодуваа стативата.

Единствениот гол на мечот го постигна Ракитиќ во 32.минута по брилијантната асистенција на Меси.

Инаку Сити во 80.минута не реализираше пенал, односно голманот Тер Штеген го одбрани ударот на Серхио Агуеро.

Четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите ќе бидат извлечени в петок, во Нион, а покрај Јувентус и Барселона, меѓу најдобрите осум се најдоа уште  Атлетико, Реал, Порто, ПСЖ, Монако и Баерн Минхен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП