Работнички и Тетекс стекнаа предност по првите полуфинални натпревари во Купот на Македонија, против опонентите Ренова односно Хоризонт Турново.
Работнички славеше над Ренова со 2:1 со головите на Вујчиќ и Атипармаковски, додека за гостите погоди Емини.
Идентична победа забележа и Тетекс над Хоризонт Турново. Двата гола за Тетекс ги постигна Јовановски, додека Мутафчиски беше стрелец за Турново.
Реванш натпреварите по кои е бидат познати финалистите ќе се одиграат на 15.април.