26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИбрахимовиќ се сели во Англија?

Ибрахимовиќ се сели во Англија?

125020-zlatan-ibrahimovic-sortira-en-fevrier-650x0-1

Напаѓачот на Парис Сент Жермен (ПСЖ) Златан Ибрахимовиќ, по последниот вербален испад во кој ги навреди Французите, најверојатно ова лето ќе го напушти Париз и кариерата ќе ја продолжи во некој од англиските клубови.

Најголем интерес за Ибрахимовиќ покажа Ливерпул, но за неговите услуги е заинтересиран и менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо, кој веќе го тренираше една сезона во Интер, но и менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер.

Англиските медиуми се убедени дека Ибра доаѓа на Островот, а некои обложувалници веќе ја ставиле и можната понуда за обложување за тоа во кој клуб Ибрахимовиќ ќе заврши.

Шведскиот репрезентативец во неделата предизвика скандал по поразот од Бордо, кога ги навредуваше судиите, а Франција ја нарече „посрана земја што не заслужува да го има ПСЖ“.

Неговиот испад не мина незабележано, па лидерката на францускиот Национален фронт Марин Ле Пен му порача да ја напушти земјата. Реагираше и францускиот министер за спорт, кој го повика Ибрахимовиќ да се извини. Се огласија и многу поранешни француски репрезентативци, кои порачаа дека Ибрахимовиќ ’ја навредил Франција’.

Шведскиот напаѓач за ПСЖ игра од 2012 година, а пред тоа беше член на Милан, Барселона, Интер, Јувентус, Ајакс и Малме.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП