3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВон го освои малиот Кристален глобус во спуст

Вон го освои малиот Кристален глобус во спуст

Lindsey Vonn

Американката Линдзи Вон во францускиот ски центар Мерибел ја забележа 66-та победа во кариерата. Вон победи на последната спуст трка во сезоната и го освои малиот Кристален глобус во оваа дисциплина.

Вон до победата стигна со време од 1:29.87 минути, 24 секунди послабо време имаше Австријката Елизабет Гергл кој го освои второто место, додека трета беше уште една Австријка, Никол Хосп.

Американката која постави нов рекорд според бројот на победи во Светскиот куп, стигна до 18-от трофеј во кариерата, а има големи шанси да дојде и до 19-от бидејќи се наоѓа во трка и по малиот Кристален глобус во супервелеслалом. Во поредокот во супервелеслалом таа има осум бодови помалку од водечката Ана Фенингер.

Инаку борбата се севкупна победничка во Светскиот куп се води помеѓу Ана Фенингер и Тина Мазе, Австријката води со 1.373 бодови 12 повеќе од Мазе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП