27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧелзи подготвил 150 милиони фунти за Бејл и Варан

Челзи подготвил 150 милиони фунти за Бејл и Варан

bale varane

Менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо, ќе добие 150 милиони фунти за во летниот преоден рок да може да ги реализира трансферите на Герет Бејл и Рафаел Варан, пренесуваат британските и италијанските медиуми.

Според истите извори, Мурињо неодамна се сретнал со претседателот на Реал, Флорентино Перез, и разговарал за споменатите фудбалери.

Португалскиот тренер решил да го засили тимот кој минатата недела беше елиминиран во осминафиналето од шампионската Лига од францускиот ПСЖ. Челзи е лидер во Премиер лигата и на добар пат е да ја освои титулата, што ќе ги задоволи амбициите на Челзи, бидејќи кога се врати во клубот напомена дека од сезоната 2014/2015 тимот ќе го покаже вистинското лице, а зенитот ќе го доживее во сезоната 2015/2016.

Мурињо има намера да го искористи незадоволството на двајцата фудбалери и да ги убеди да се преселат на „Станфорд Бриџ“. Веројатно дека тој ќе успее во намерата да го донесе Варан, кој се смета за еден од најталентираните дефанзивци во светот, а кој играше стандардно во времето на Мурињо во Реал.

Оваа сезона францускиот репрезентативец игра само кога еден од двајцата стандардни централни дефанзивци е повреден (Рамос и Пепе).

Незадоволен сигурно е и Бејл кој не се снаоѓа најдобро во системот којшто го форсира Анчелоти, а оваа сезона често се наоѓа на удар на критиките, навивачите неретко го исвиркуваат, а се шпекулира и дека не е во најдобри односи со Кристијано Роналдо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП