4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈанусурд победи на последниот спуст во сезоната

Јанусурд победи на последниот спуст во сезоната

jansurd

Завршните натпревари во Светскиот куп во алпско скијање започнаа во средата во францускиот ски центар Мерибел.

Најдобрите светски скијачи возеа спуст кој заврши со победа на Норвежанецот Кјетил Јансурд. Норвежанецот со времето од 1:40.86 минути ја обезбеди победата на последната трка и триумфот во спсут за оваа сезона.

На второто место се пласира швајцарскиот ветеран Дидие Дефаго кој го возеше последниот спуст во кариерата, откако најави заминување во пензија. Третото место го освои Австриецот Георг Штрајтбергер.

Јансурд со победата во спуст му се доближи на лидерот во генералниот палсман во Светскиот куп на само 64 бодови. Лидер во вкупниот пласман е Марсел Хиршер со 1.248 бодови, Јансурд има 1.184.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП