1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУапсен претседателот на Парма

Уапсен претседателот на Парма

giampietro_manenti2

Сопственикот на фудбалскиот клуб Парма, Џампјетро Маненти, бил уапсен во средата во својот дом. Покрај Маненти уапсени се уште 20 лица под сомнение за финансиски малверзации.

Апсењето на Маненти е уште еден голем удар за некогашниот великан на италијанскиот фудбал, кој ги преживува најтешките моменти во својата историја.

Имено, во четврток, треба дефинитивно да биде познато каква ќе биде судбината на Парма, бидејќи е закажан состанок во надлежниот Суд. Според она што се шпекулира во италијанските медиуми клубот ќе прогласи банкрот. Овој состанок ќе мине без претседателот на клубот.

Клупскиот долг на Парма изнесува 95 милиони евра, а играчите и вработените во клубот не добиле плата од почетокот на сезоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП