1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШарапова елиминирана од Пенета

Шарапова елиминирана од Пенета

peneta s

Актуелната шампионка на Мастерс турнирот во Индијан Велс, Флавија Пенета, ја совлада Марија Шарапова со 2:1 (3:6, 6:3, 6:2) и избори пласман во четвртфиналето.

Пенета со победата над втората тенисерка на ВТА листата ја продолжи одличната серија во Индијан Велс и за пласман во полуфиналето ќе се бори со Сабине Лисицки која во два сета (6:4, 6:4) славеше над Каролин Гарсија.

Четвртфинале избори и Швајцарката Тимеа Башчински која за 120 минути ја совлада Елена Свитолина (4:6, 6:1, 6:1). Башчински се наоѓа во неверојатна форма, против Свитолина ја забележа 15-та победа во низа, откако претходно ги освои титулите во Акапулко и Монтереј.

Пласман меѓу осумтте најдобри во Индијан Велс изборија уште и Симона Халеп која со 6:4, 6:4 славеше над Каролина Плишкова и Јелена Јанковиќ која во три сета (6:3, 3:6, 6:3) ја елиминираше Белинда Бенчиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП