11 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШампионот Сан Антонио загуби од ‘фенерџијата’ Њујорк

Шампионот Сан Антонио загуби од ‘фенерџијата’ Њујорк

New York Knicks v San Antonio Spurs

Кошаркарите на Њујорк приредија вистинска сензација со победата над Сан Антонио (104:100) по едно продолжение. Њујорк го има најлошиот резултат на Истокот, а против актуелниот шампион ја забележа 14-та победа во 67-от натпрвар оваа сезона.

Натпреварот во Њујорк, во регуларниот дел, заврши со резултат 96:96, откако Ленард не го погоди последниот шут за Сан Антонио. Во продолжението кошаркарите на актуелниот првак постигнаа само четири поени и го забележаа 25-от пораз во сезоната.

Геловеј со 22 и Швед со 21 поен и 7 асистенции го предводеа Њујорк до победата, додека Паркер со 21 поен беше најефикасен кај Сан Антонио.

Хјустон одигра одличан последна четвртина против Орландо, која ја доби со 30:16 и на крајот забележа победа (107:94). Мотијеунас постигна 23 поени, а Харден, Ариза и Смит постигнаа по 17 поени за Хјустон, додека Орландо го предводеше Оладипо со 29 поени.

Детроит го надигра Мемфис (105:95) и стави крај на серијата од десет порази. Реџи Џексон со 23 поени и рекордни во кариерата 20 поени го предводеше Детроит до победата. Колдвел-Поуп постигна 22 поени, а Драмонд имаше учинок од 16 поени и исто толку скокови.

Најдобар во редовите на Мемфис беше Марк Гасол со 17 поени, 11 скокови и 6 асистенции.

Ентони Дејвос со 20 поени и 12 скокови беше најзаслужниот за минималната победа на Њу Орлеанс над Милвоки (85:84), додека Крис Пол со 23 и Џеј Џеј Редик со 21 поен ги предводеа Клиперси до победата над Шарлот (99:92).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП