6 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ„Белата смрт“ во вашите омилени намирници

„Белата смрт“ во вашите омилени намирници

seker655

Многу малку луѓе се запознаени со информацијата за тоа колку шеќер содржат намирниците кои секојдневно ги консумираат. Иако сите знаат дека газираните пијалоци, чоколадите и сладоледот се полни со шеќер, ретко кој знае дека на пример тегла со болоњезе сос или сокот од портокал исто така имаат голам количина на шеќер.

Чоколадите Mars содржат по шест ипол коцки шеќер, лименка Coca-Cola седум ипол, конзерва Red Bull две коцки помалку, додека топлото чоколадо со шлаг во Starbucks содржи речиси десет коцки шеќер.

secer 1

Сепак, шампион во оваа класа е сладоледот, чија порција содржи речиси 25,5 коцки, додека чоколадниот милкшејк од McDonald’s има дури 12.

Иако повеќето од овие производи се веќе познати како такви кои се богати со шеќер, интересно е тоа што на пример, во половина литар сок од портокал има дури десет коцки шеќер, а во 500 грама болоњезе сос има шест коцки, една повеќе од истото количество од супата од домати на Heinz.

secer 2

Интересно е и тоа дека на графиконот се наоѓаат и мангото со 9 коцки, јаболкото со 4,5 коцки и бананата со 3,5 коцки шеќер. Сепак треба да се напомене дека белиот шеќер и пченкарниот сируп кои се користат како додатоци во многу производи се далеку поштетни од фруктозата која се наоѓа во овошјето.

secer 3

Неодамна и Светската здравствена организација –СЗО издаде насока во која се наведува дека луѓето мора да го намалат внесот на јаглени хидрати и дека пожелно би било шеќерот да изнесува помалку од десет отсто од дневниот внос на калории, односно околу 50 грама или 12 мали лажички за возрасните.

secer 4

„Имаме силни докази дека одржувањето на вносот на слободниот шеќер на помалку од 10 отсто од вкупниот внес на калории го намалува ризикот од вишок на килограми, дебелинаи пропаѓање на забите“, изјавил доктор Франческо Бранкa, директор на отсекот СЗО за исхрана за подобро здравје и развој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП