22 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОИбрахимовиќ од следната сезона ќе го носи дресот на Ливерпул!?

Ибрахимовиќ од следната сезона ќе го носи дресот на Ливерпул!?

zi 1

Сензационална вест циркулира денес во англиските медиуми. Лондонскиот весник „Метро“ беше првиот кој ја објави информацијата дека ѕвездата на ПСЖ, Златан Ибрахимовиќ може да премине во тимот на Ливерпул.

Весникот потсетува дека Швеѓанецот е посакуван уште од Челзи, Арсенал и Манчестер Сити, но токму „црвените“ се тимот кој води во битката за потписот на Ибрахимовиќ.

Ексцентричниот напаѓач се вмеша во скандал, откако по поразот од Бордо, изјави дека Франција не заслужува тим како ПСЖ. Се разбира, Швеѓанецот беше остро критикуван за зборовите, а неговата иднина во француската престолнина беше ставена под знак прашалник.

33-годишниот Ибрахимовиќ може да се покаже како замена на Марио Балотели, кој не успеа да си го добие своето место во тимот на „црвените“ и најверојатно ќе го напушти „Енфилд“ во текот на летото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП