ПочетнаИНТЕРЕСНОРоџерс: Целиме на второто место

Роџерс: Целиме на второто место

52730a8f047a5fa57ba130d1e97d2a06_crop_north

Менаџерот на Ливерпул, Брендан Роџерс, по победата на неговиот тим над Свонси, изјавил дека целта на неговиот тим е да го освои второто место.

Ливерпул на „Либерти“ стадионот славеше над Свонси со 1:0, со среќниот гол на Џордан Хендерсон, во последниот меч од 29.коло во Премиерлигата. Ливерпул се наоѓа на петтата позиција на табелата со два бода помалку од четвртопласираниот Манчестер Јунајтед и три од Арсенал кој се наоѓа на третото место.

„Наша цел е да завршиме на највисоката можна позиција, не е целта само да се избори пласман во Лигата на шампионите. Сега заостануваме три бода зад Арсенал, а поразот на Манчестер Сити ни овозможи да се бориме и за втората позиција. Одлично е што не примивме гол против Свонси и што ја забележавме шестата победа во низа“, рекол Роџерс.

Во наредното коло Ливерпул во најголемото дерби на англискиот фудбал ќе го пречека директниот конкурент за висок пласам, Манчестер Јунајтед.