27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРед Бул сака да ја напушти Формула 1!?

Ред Бул сака да ја напушти Формула 1!?

red b forumla

Ред Бул ја разгледува можноста да ја напушти Формула 1, објави консултантот на тимот Хелмут Марко. Според него сегашните правила го „убиваат спортот“, а на сопственикот на австриската компанија Дитрих Матешиц му бил „досаден“.

Тимот, кој доминираше во најпопуларното автомобилско натпреварување помеѓу 2010-та и 2013-та година, претрпе неуспех во првата трка од новата сезона. Данил Квјат воопшто не успеа да стартува, а Даниел Рикардо заврши шестти.

„Во текот на летото, како што правиме секоја година, ќе ја разгледаме ситуацијата. Ќе ги пресметаме нашите приходи и расходи. Ако не сме задоволни од резултатите, може да ја напуштиме Формула 1. Да, има таква опасност, бидејќи г-дин Матешиц загуби страст кон Формула 1“, изјави Марко.

Тоа сепак нема да се случи порано од 2020-та година, до кога е договорот на Ред Бул со Формула 1.

Според Марко треба да се направат промени, бидејќи сегашните правила ги поставувале тимовите во нерамноправна положба.

„Овие погонски системи за погрешна одлука за Формула 1. Ние сакавме да го кажеме истото, дури и Рено да беа на чело. Техничките правила се неразбирливи, премногу се строги и се премногу скапи. Сите сакаме намалување на трошоците, но тоа нема да се случи на овој начин“, рече уште 71-годишниот австриец.

„Сегашните правила ќе го убијат овој спорт“, изјави поранешниот пилот во Формула 1 во 70-тите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП