2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПенезиќ меѓу трите ѕвезди на колото

Пенезиќ меѓу трите ѕвезди на колото

penezic-1

Андреа Пенезиќ во саботата го предводеше ЖРК Вардар до победата над Динамо Синара (28:27), а за прикажаното ЕХФ ја прогаси за една од трите ѕвезди на колото. Покрај Пенезиќ, според ЕХФ, забележителни настапи имале и голманката на Ларвик Сандра Тофт и ракометарката на Баја Маре Лиос Абинг.

Пенезиќ на натпреварот со Динамо постигна седум голови, од кои два во последните четири минути кога се „кршеше“ резултатот.

Хрватската репрезентативка фазата по групи ја заврши како трет стрелец со 76 голови, осум помалку од Каролина Кудлач која со Лајпциг ги заврши натпреварите и шест помалку од Кристина Неагу од Будуќност.

ЖРК Вардар во четвртфинлето во Лигата на шампионките за противник го има европскиот првак Ѓер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП