2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДушебаев во идеалниот тим

Душебаев во идеалниот тим

alex-dujshebaev 1

Десниот бек на Вардар, Алекс Душебаев, со прикажаното на првиот осминафинален натпревар против Висла го заслужи местото во идеалниот тим на ЕХФ. Шпанскиот репрезентативец во поразот на Вардар (32.26) постигна десет гола.

Особено значаен беше погодокот што Дуешбаев го постигна во последната секунда со која негативата ја спушти на шест гола. Вардар наредниот викенд ќе го пречека полскиот тим во СЦ „Јане Сандански“ и ќе се обиде да избори пласман меѓу најдобрите осум во Европа.

Идеалниот тим по првите осминафинални натпревари:

Голман. Гонзало Перез де Варгас (Барселона)

Лево крило: Иван Никчевиќ (Висла)

Лев бек: Момир Илиќ (Веспрем)

Среден бек: Микел Хансен (ПСЖ)

Десен бек: Алекс Душебаев (Вардар)

Десно крило: Никлас Екберг (Кил)

Пивот: Ренато Сулиќ (Веспрем).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП