2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMitsubishi повеќе нема да прави седани

Mitsubishi повеќе нема да прави седани

sedani mitc

„Mitsubishi Motors“ ќе се откаже од развојот на нови автомобили од типот седан, вклучувајќи го и создавањето на следната генерација на еден од нејзините најпопуларни модели – „Lancer“. Ова го објави претседателот на јапонската марка, Тецуро Аикава пред „Car Advice“.

„За жал во моментов компанијата не планира да создава било какви и да е седани, воопшто. Покрај тоа, додека јас сум претседател, нема никакви шанси за развој на новата генерација на моделот „Lancer““ , коментира Аикава.

Според него, одбивањето седан модели се должи најмногу на две причини. Прво, „Mitsubishi Motors“ планира да ги фокусира сите свои истражувачки и финансиски ресурси во развој на теренци, како и на хибридни и електрични агрегати.

Втората причина е дека конкуренцијата во сегментот на седани на светските пазари е огромна. Тоа, според Тецуро Аикава, е тешка задачата да се создаде модел кој ќе и донесе на компанијата сериозни приходи, затоа што е многу комплексна и речиси невозможна.

Првата премиера на „Mitsubishi“ оваа година ќе биде во април, кога компанијата ќе го покаже новиот „Outlander“, а во ноември на саемот во Токио ќе биде прикажана новата генерација на „Pajero Sport“.

За следната година е предвидено излегување на пазарот на наследникот на „Pajero“, кој ќе биде развиен од нула и ќе се потпира на хибриден погон со можност за полнење од електричната мрежа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП