17 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Кралевите“ го сакаат миленикот на Гвардиола!?

„Кралевите“ го сакаат миленикот на Гвардиола!?

alaba real00

Раководството на Реал Мадрид ќе стори се за да го привле еден од најдобрите фудбалери на Баерн – Давид Алаба, тврди „Ас“.

Австрискиот репрезентативец може да игра на неколку позиции во дефанзивниот и средниот ред, што го прави особено вреден.

Договорот на Алаба со „баварците“ е до 2018-та година и од Реал едвај ќе успеат да го земат во своите редови така лесно, уште повеќе што тој важи за миленик на Пеп Гвардиола.

Реал веќе има искуство со донесувањето на играчи од Баерн, откако летоска го земаа Тони Крос. Сепак, тогаш „баварците“ не го сметаа Крос за главен фудбалер.

Останува да се види дали „кралевите“ ќе успеаат да ја реализираат својата желба и да го доведат Австриецот на „Сантијаго Бернабеу“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП