10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧетири медали за кик боксерите на „Србија Опен“

Четири медали за кик боксерите на „Србија Опен“

kik-boks22

Македонските кик боксери со четири медали ( две златни, две сребрени) го завршија учеството на Меѓународниот турнир „Србија Опен“ во Белград.

Златни медали освоија Ненад Манојловиќ, во категоријата -69 килограми и Димитар Ѓорѓиев, во категоријата -79 килограми. Манојловиќ во финалето славеше над Милош Цветковиќ од Врање, додека Ѓорѓиев го победи Хрватот Матео Маколе.

Со сребрени медали се закитија Милан Кубин и Стефани Тодорова. Кубин во категоријата -89 килограми во финалето за еден поен загуби од Милош Цветичанин, додека Тодорова во категоријата -65 килограми беше поразена од Драгица Јелисавац.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП