28 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВавринка испадна од 104-от на светот

Вавринка испадна од 104-от на светот

wawrinka-out

Холандскиот тенисер Робин Хасе го приреди најголемото изненадување во второто коло на Мастерс турнирот во Индијан Велс, откако во три сета го елиминира седмиот носител Станислас Вавринка.

За разлика од Швајцарецот кој го заврши турнирот, второто коло без многу проблеми го минаа Роџер Федерер и Рафаел Надал.

Вавринка кој од почетокот на сезоната ги освои турнирите во Ченај и Ротердам и играше во полуфиналето во Мелбурн, во Индијан Велс загуби од 104-от тенисер на АТП листата.

Хасе од почетокот на година до мечот со Вавринка имаше скор 0-6, а исто така немаше победа во шесте мечеви против Швајцарецот.

Сепак тоа не беше пречка Хасе да слави над фаворизираниот противник по еден час и 47 минути игра со 2:1 (6:3, 3:6, 6:3).

За разлика од Вавринка вторитот и третиот носител на турнирот, Федерер и Надал во второто коло експресно ги минаа своите противници. Федерр славеше над Аргентинецот Даниел Шварцман со 6:4, 6:2 за 64 минути игра, додека Надал со идентичен резултат славеше над ХоланѓанецотИгор Сајслинг за 73 минути.

Федерер во третото коло ќе игра против Андреас Сепи од кого загуби во третото коло на грен слем турнирот во Мелбурн, додека Надал за противник во наредната рунда ќе ги има Доналд Јанг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП