9 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал на -1 пред Ел Класико

Реал на -1 пред Ел Класико

81515161131329285857484454

Фудбалерите на Реал славеа над Леванте со 2:0 во претпоследниот натпревар од 27. коло во шпанската Примера.

Реал до победата стигна со головите на Герет Бејл во 18. и 40.минута. Велшанецот против Леванте го прекина голгетерскиот пост кој траеше повеќе од 700 минути.

Во тимот на овој натпревар по речиси два месеци се врати Серхио Рамос, додека на голот стоеше Костариканецот Кејлор Навас.

‘Кралскиот клуб’ со оваа победа и се доближи на Барселона на еден бод, а токму овие два тима ќе играат во дербито во наредното коло. Популарното Ел Класико може и да ја реши шампионската трка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП