22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнтиќ стартер во триумфот на Атланта во ЛА

Антиќ стартер во триумфот на Атланта во ЛА

031515-NBA-lakers-hill-fouls-antic-ahn-PI.vadapt.955.high.0

Лидерот во Источната конференција во НБА лигата, екипата на Атланта против ЛА Лејкерс стигна до 52-та сезонска победа. Атланта во Лос Анџелес славеше со 91:86.

Македонскиот интернационалец Перо Антиќ овој натпревар го започна во стартната петорка и за нешто повеќе од 23 минути колку што мина на теренот имаше три поени, шест скока и две асистенции.

Антиќ беше стартер бидејќи тренерот Баденхолцер реши да одмори тројца играчи од почетната постава (Милсап, Тиг, Керол).

Денис Шредер со 24 поени и 10 скока, односно Ал Хорфорд со 21 поен беа предводници на Атланта. Кај Лејкерси кои имаат само 17 победи оваа сезона со по 13 поени најефикасни беа Карлос Бузер и Eд Дејвис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП