25 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАтланта победи во Феникс, шест поени на Антиќ

Атланта победи во Феникс, шест поени на Антиќ

perica2

Кошаркарите на Атланата славеа во Феникс со 96:87 и стигнаа до 51-та победа во сезоната. „Јастребите“ цврсто ја држат првата позиција на Истокот, а во НБА лигата се на втората позиција зад Голден Стејт кој има еден пораз помалку (51-13).

Македонскиот интернационалец Перо Антиќ на теренот во Феникс мина 16:39 минути и зад своето име запиша 6 поени (2/6 шут од поле) и 4 скока.

Тренерот на Атланта, Баденхолцер, овој натпревар го играше со деветмина кошаркари од кои шестмина постигнаа двоцифрен број на поени. Најефикасен беше Пол Милсап со 23, Кај Корвер постигна 14, Ал Хорфорд 12, а тројца имаа учинок од 11 постигнати кошеви.

Маркиф Морис со 22 и Ерик Бледсо со 21поен беа најефикасни во редовите на Феникс кој во досегашниот дел од сезоната има скор од 34 победи и 33 порази.

russell-westbrook222

Расел Вестбрук стави печат на натпреварите во НБА лигата кои се одиграа во ноќта помеѓу петокот и саботата. Бекот на Оклахома против Минесота го забележа својот шести ‘трипл дабл’ ефект на последните осум натпревари.

Вестбрук против Минесота имаше учинок од 29 поени, 10 скока и 12 асистенции, а Оклахома запиша лесна победа над Миесота 113:99. Покрај Вестбрук забележителен учинок имаше и турскиот репрезентативец Енес Кантер (23 поени, 15 скока).

Оклахома има скор од 35 победи и 29 порази, додека Минесота е со скор 14-50.

Екипата на Денвер во само неколку дена успеа да ги победи двете најдобри екипи во лигата. По триумфот над Атланта, Денвер славеше и против Голден Стејт (114:103).

Тренерот на Голден Стејт, Стив Кер, на овој натпревар реши да ја одмори целата стартна петорка (Кари, Томпсон, Спејтс, Игудала, Богут) па неговиот тим го забележа 13-от пораз во првенството.

Данило Галинари (24 поени) и Кенет Фарид (24 поени, 17 скока) го предводеа Денвер до победата на овој меч.

Мечот Далас-ЛА Клиперс требаше да биде дерби, но тоа не го дозволи домаќинот кој буквално ги прегази гостите од Лос Анџелес. Осуммина играчи на Далас постигнаа двоцифрен број на поени во победата од 129:99.

Чендлер Парсонс со 22 и Чарли Виланова со 19 беа најефикасни во редовите на Далас.

Резултати: Филаделфија-Сакраменто 114:107, Шарлот-Чикаго 101:91, Бостон-Орландо 95:88, Торонто-Мајами 102:92, Портланд-Детроит 118:99.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП