12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХамилтон од пол позицијата тргнува во одбрана на титулата

Хамилтон од пол позицијата тргнува во одбрана на титулата

hamilto 1

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, ќе стартува од пол позицијата на трката за Големата награда на Австралија, со која в недела ќе започне овогодишниот шампионат во Формула 1.

Актуелниот светски првак до 39-та пол позиција во кариерата, четврта во Мелбурн, стигна со време од 1:26.327 минути. Заедно со Хамилтон од првиот ред трката ќе ја започне неговиот тимски колега Нико Розберг.

На третата позиција се најде Фелипе Маса, а возачот на Вилијамс ја доби биката со новиот возач на Ферари, Себастијан Фетел.

Хамилтон во квалификациите продолжи таму каде што застана во минатата сезона, а тимот на Мерцедес ја потврди својата доминација. Бранителот на трофејот беше најбрз во сите три квалификациски сесиии, неговата пол позиција во ниту еден момент не беше загрозена, а неговиот тимски колега имаше послабо време за шест десетники.

Зад Хамилтон, Розберг, Маса и Фетел, трката ќе ја започнат Кими Раиконен (Ферари), Валтери Ботас (Вилијамс), Даниел Рикардо (Ред Бул), дебитантот Карлос Саинц Јуниор (Торо Росо) и возачите на Лотус, Себастијан Грожан и Пастор Малдонадо.

Трката за Големата награда на Австралија ќе се вози в недела на патеката Алберт Парк со почеток во шест часот по македонско време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП