17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛев ќе ја предводи Германија до 2018-та година

Лев ќе ја предводи Германија до 2018-та година

lev21

Селекторот на Германија, Јоаким Лев, го продолжи договорот и на кормилото на актуелниот светски првак ќе остане до 2018-та година, односно до крајот на Мундијалот во Русија, соопшти Фудбалската федерација на Германија.

Претходниот договор кој го имаше 56-годишниот селектор истекуваше по завршувањето на Европското првенство во 2016-та година.

„Одлично се согласуваме и делиме заеднички цели. Заедно ја освоивме титулата светски првак и сакам да го повториме тоа“, рекол Лев.

Јокам Лев на чело на Германија застана по СП во 2006-та година кога на функцијата го наследи Јирген Клинсман. Под негово водство Германија играше во финалето на ЕП во 2008-та година каде загуби од Шпанија (1:0), на СП во 2010-та година беше поразен од истиот противник и со ист резултат во полуфиналето, додека во 2012-та година на ЕП беше поразен од Италија во полуфиналето со 2:1.

Најголемиот успех го постигна минатото лето кога во Бразил ја предводеше репрезентацијата до титулата светски првак.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП