27 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗапочна судењето на Барселона поради трансферот на Неjмар

Започна судењето на Барселона поради трансферот на Неjмар

tr barsa

Шпанскиот суд закажа процес против претседателот на Барселона – Хосеп Марија Бартомеу и неговиот претходник Сандро Росел поради финансиски измами при трансферот на Нејмар во каталонскиот клуб.

Бартомеу, Росел и ФК Барселона се обвинети дека не платиле данок во износ од 13 милиони евра и се обиделе да ја сокријат вистинската вредност на зделката. Првично Росел изјави дека трансферот на бразилскиот репрезентативец е во вредност од 57.1 милиони евра, но потоа сам откри дека износот е скоро 100 милиони евра.

Во зделката е вмешан и таткото на Нејмар, кој е агент на фудбалерот. Бартомеу беше потпретседател за време на владеењето на Сандро Росел, а судијата Пабло Рус утврди дека има доволно докази за да започне судски процес.

„Се е во рацете на судскиот систем. Ние раководиме само со тренинг процесот“, изјави тренерот на „сино-црвените“, Луис Енрике.

Во сабота лидерот во шпанскиот шампионат Барселона ќе игра против Еибар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП