2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМладоста и борбеноста на Металург против искуството на Мешков Брест

Младоста и борбеноста на Металург против искуството на Мешков Брест

metalurg 3

Ракометарите на Металург, в недела, ќе го одиграат последниот натпревар во регионалната СЕХА лига. Противник на Металург ќе биде екипата на Брест Мешков која веќе обезбеди пласман на завршниот турнир. Тренерот Лино Червар најавува дека неговите играчи со позитивен став и голема борбеност ќе му се спротивстават на фаворизираниот противник.

„Овие натпревари многу значат, бидејќи имаме нов тим. Мешков обезбеди место на завршниот турнир, прашање е само дали од третото или од четвртото место. Со нив сезонава одигравме веќе три натпревари. Можеби не потценија на последниот дуел кога беа домаќини, можеби не потценија но ние игравме навистина добро. Имаат еден моќен тим составен од странски играчи. Во стартниот тим сите се странски ракометари, исклучок е Рутенка. Овој меч ќе биде предизвик за нас, добро ќе им дојде на младите играчи да стекнат дополнително искуство за она што следува во домашното првенство“, рече на прес конференцијата во пресрет на натпреварот тренерот на Металург Лино Червар.

Дуелот со Брест Мешков речиси сигурно ќе го пропуштат младите Филип Талевски и Марко Нелоски, кои тренираат но по посебна програма. Талевски има истегнати лигаменти, додека Нелоски има проблеми со коленото.

Натпреварот помеѓу Металург и Брест Мешков ќе се одигра в недела од 19 часот, а влезот во СЦ „Борис Трајковски“ ќе биде бесплатен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП