17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈоветиќ одлучи, се враќа во Италија!

Јоветиќ одлучи, се враќа во Италија!

joveti 3

За него во Сити нема иднина, па тој веќе ги договори своите услови со новиот клуб, сега останува да се почека само да се дојде до заеднички јазик со „граѓаните“!

Стеван Јоветиќ го избра Интер. Имаше повторно интерес од Јувентус, но во овој момент тој е пред портите на миланскиот клуб.

Се претпоставува дека главна улога одиграл Роберто Манчини, како и при доаѓањето на Црногорецот во Сити. Манчини верува дека Јоветиќ би бил големо засилување и дека практично ќе направи од Интер кандидат за титулата.

Напаѓачот е отпишан во Сити по доаѓањето на Бони, па поради тоа сака да се врати во Италија, но останува да видиме колку „граѓаните“ ќе бараат за него. Цената на Црногорецот значително се намали, на Фиорентина и беа платени повеќе до 30 милиони евра, тој имаше проблеми со повредите, но од друга страна кога добиваше шанса играше сосема добро.

Тој ќе биде само едно од засилувањата на Интер во следниот преоден рок, веќе е договрено доаѓањето на Жереми Тулалан од Монако, а Интер ќе мора да продаде некој играч, за да остане во границите на финансискиот фер-плеј.

Се очекува дека Хандановиќ, веројатно Ковачиќ и уште неколку играчи да си заминат од редовите на „нероазурите“.

„Пелегрини ме „уби“ со одлуката дека нема да ме лиценцира за Лигата на шампионите“, изјави Црногорецот и со тоа практично го најави заминувањето од клубот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП