4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМерцедес доминантен на тренинзите во Мелбурн

Мерцедес доминантен на тренинзите во Мелбурн

hamilton 2

На патеката во Мелбурн, Австралија, во петокот започна новата сезона во Формула 1. На првите неофицијални тренинзи доминираа возачите на Мерцедес, кои и минатата сезона го имаа главниот збор во првенството.

Вицепрвакот Нико Розберг на двата тренинга имаше најдобро време (1:29.557 минути на првиот и 1:27.629 минути на вториот тренинг). Зад Розберг на двата тренинга беше неговиот клупски колега, актуелниот шампион Луис Хамилтон.

Британецот на првиот тренинг имаше заостанување од 0.029 секунди, а на вториот тој задоцни за 0.100 секунди.

На првиот тренинг зад пилотите на Мерцедес беше Финецот Валтери Ботас на Вилијамс, а дебитантот Карлос Саинц Јуниор на Торо Росо имаше четврто време. Четирикратниот светски првак Себастијан Фетел, кој од оваа сезона вози за Ферари беше петти, а вториот дебитант во болидот на Торо Росо, Макс Верстапен првиот тренинг го заврши на шестото место.

Меѓу десетте најдобри на првиот тренинг беа уште Фелипе Маса (Вилијамс), Кими Раиконен (Ферари), Пастор Малдонадо (Лотус) и Даниел Рикардо (Ред Бул).

На вториот тренинг зад возачите на Мерцедес се пласираа нивните колеги од Ферари, Фетел и Раиконен, а најдобрата десетка ја компелтираа Ботас (Вилијамс), Данил Квјат (Ред Бул), Саинц Јуниор (Торо Росо), Малдонадо (Лотус), Грожан (Лотус) и Хилкенберг (Форс Индија).

Вториот тренинг го одбележа излетувањето на Кевин Магнусен, тој со својот болид удрил во заштитната ограда, додека технички проблеми во својата гаража имаше Даниел Рикардо.

Во сабота во Мелбурн ќе се вози третиот неофицијален тренинг, а потоа од 7 часот по македонско време ќе се возат квалификациите. Првата трка во новата сезона, Големата награда на Австралија ќе се вози в недела со почеток во шест часот по македонско време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП