4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКајри Ирвинг сам го победи Сан Антонио

Кајри Ирвинг сам го победи Сан Антонио

LeBron James, Kyrie Irving

Сан Антонио и Кливленд го одиграа дербито во НБА лигата, кое заврши со победа на Кавалирс (125:128) по едно продолжение. Кајри Ирвинг одигра неверојатен меч постигнувајќи рекордни во кариерата 57 поени.

Ирвинг погоди седум тројки, без промашување, вклучувајќи и две во низа со кои ја надополни негативата на Кливленд од шест поени и избори продолженија.

Поддршка на теренот Ирвинг доби од Леброн Џејмс кој мечот го заврши со 31 поен, а двоцифрен ефект имаа и Тристан Томпсон (12 поени) и Тимофеј Мозгов (10 поени).

Сан Антонио го предводеше Тони Паркер со 31 поен, Кави Ленард постигна 24, а Тим Данкан имаше учинок од 18 поени и 11 скокови.

На другите натпревари: Индијана стигна до осмата победа во низа откако славеше по продолжението над Милвоки со 109:103, Хјустон во Солт Лејк Сити кај Јута го запиша вториот пораз во низа (109:91), Вашингтон славеше над Мемфис (107:87), а ЛА Лејкерси загубија од Њујорк (94:101).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП