4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДани Алвес од следната сезона ќе игра во ПСЖ

Дани Алвес од следната сезона ќе игра во ПСЖ

1014772_heroa

Францускиот шампион ПСЖ објави дека го договорила трансферот на Дани Алвес. Десниот бек на Барселона договорил тригодишна соработка. Бразилецот во Париз ќе заработува девет милиони евра на годишно ниво.

Инаку ПСЖ се обиде да го донесе Алвес во своите редови уште во летото 2013 година но тогаш Барселона ја одби понудата. Минатото лето ПСЖ понуди размена Дани Алвес за Маркињос, но и тој предлог каталонците го одбија.

Дани Алвес кариерата ја започна во Баија, од 2002 до 2008 година го носеше дресот на Севиља, а потоа се пресели Барселона и стана еден од незаменливите играчи во тимот. Алвес со Барса ги освои сите трофеи во клупскиот фудбал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП