17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСевилја на чекор до 1/4 финалето, Витоло погоди во 13-та секунда

Севилја на чекор до 1/4 финалето, Витоло погоди во 13-та секунда

viljareal-sevilja-615x400

Фудбалерите на Зенит, Волфсбург, Дњепар, Евертон, Бриж, Наполи и Севилја стекнаа предност по првите осминафинални мечеви во Лига Европа. Единствениот нерешен резултат во осумте натпревари се случи во Фиренца каде во италијанското дерби Фиорентина и Рома ремизираа 1:1.

Најсериозна предност стекнааа играчите на Севилја, кои ја бранат титулата во ова натпреварување со победата на гостнски терен кај Виљареал од 3:1.

Мечот засекогаш ќе го памети напаѓачот на Севилја Витоло кој постигна гол по само 13 секунди игра, што е најбрзо постигнатиот гол во историјата на Лига Европа.

Најбрзиот гол во европските купови го постигна Холанѓанецот Рој Макај, во 2007 година на мечот Баерн-Реал тој погоди по само 10 секунди игра.

Индивидуално првите осминафинални натпревари ги одбележа напаѓачот на Наполи, Гонзало Игуаин, кој ги постигна трите гола во победата на наполитанците над Динамо Москва со 3:1.

Резултати: Зенит-Торино 2:0, Дњепар-Ајакс 1:0, Бриж-Бешикташ 2:1, Волфсбург-Интер 3:1, Фиорентина-Рома 1:1, Виљареал-Севилја 1:3, Евертон-Динамо Киев 2:1, Наполи-Динамо Москва 3:1.

Реванш натпреварите ќе се одиграат на 19.март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП