23 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДресот на Ван Перси најпродаван во Англија

Дресот на Ван Перси најпродаван во Англија

vanpersi

Робин ван Перси покрај титулата најдобар стрелец оваа сезона во редовите на Манчестер Јунајтд се закити со уште едно признание, а тоа е за најпродаван дрес на „црвените ѓаволи“ во Премиер лигата.

Од вкупниот број продадени дресови, 25 проценти се одвоени за тој на Манчестер со бројот 20, кој од почетокот на оваа сезона го носи Холанѓанецот.

Уште едно од летните засилувања допринесе за зголемување на буџетот на тимот од „Олд Трафорд“, дресот на Шинџи Кагава учествува со шест проценти од вкупната продажба.

Интересно е што во првите десет се пласираше Пол Сколс, чии дрес го купиле три проценти од навивачите.

Меѓу останатите најатрактивни играчи во Премиер Лигата се најдоа, фудбалерот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро, потоа Еден Азар од Челзи, Германецот во редовите на Арсенал, Лукас Подолски, но и Стивен Џерард од Ливерпул.

Симпатизерите на Сити и натаму го купуваат дресот на Марио Балотели, кој се пласираше веднаш зад Агуеро, а пак дресот на Френк Лампард не се најде ни во топ-три најпродавани дресови во Челзи.

Најпродавани дресови во Англија:

  1. Ван Перси – 25,4%
  2. Џерард – 8,2%
  3. Руни – 6%
  4. Kaгава – 5.8%
  5. Луис Суарез – 3,6%
  6. Азар – 3.1%
  7. Сколс – 2,7%
  8. Торес – 2.5%
  9. Агуеро – 2,2%
  10. Подолски – 2,1%

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП