Напаѓачот на Манчестер Јунајтед Радамел Фалкао по завршувањето ќе ги напушти ‘црвените ѓаволи’. Колумбиецот, како што пренесуваат англиските медиуми, признал дека одбрал погрешен клуб.
Фалкао, на почетокот на сезоната, пристигна на „Олд Трафорд“ како позајмен играч од Монако за сума од шест милиони фунти, но не ги исполни очекувањата, на 20 натпревари тој постигна само четири гола.
Јунајтед има опција да го откупи договорот на Фалкао за сума од 43 милиони фунти, но според се она што досега се случуваше тешко дека Јунајтед ќе се реши да ја искористи оваа опција.
Повикувајќи се на извори блиски до Колумбиецот англиските медиуми обавија дека тој признал дека одбрал погрешен клуб.
За услугите на Фалкао минатото лето беше заинтересиран и Ливерпул кој му нудеше неделна плата од 265.000 фунти, но Јунајтед беше побрз.
Фалкао изминатите сезони беше еден од најдобрите напаѓачи во светот, особено додека играше за Атлетико Мадрид, меѓутоа по преселбата во Монако неговата форма започна да се движи по надолна линија, а потоа доживеа и тешка повреда на коленото поради што го пропушти Мундијалот во Бразил.