29 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСеавус Едукативниот и Развоен Центар започнува со официјални Oracle тренинзи

Сеавус Едукативниот и Развоен Центар започнува со официјални Oracle тренинзи

seavus trening

Во Сеавус Едукативниот и Развоен Центар – СЕДЦ, во средата беше промовирана програмата којашто овој веќе реномиран тренинг центар ќе ја нуди во рамките на официјалната едукација на еден од водечките светски брендови во информатичката технологија, „Oracle“. На конференцијата присуствуваа претставници на еминентни македонски компании и државни институции, актуелни или идни корисници на производите на овој бренд.

Во двочасовна презентација беа промовирани сите предности кои ги нуди СЕДЦ во доменот на образовната надградба за локалните ИТ експерти, како и последните актулености од „Oracle University“ елаборирани од страна на Ања Достал, претставник на „Oracle University“- Словенија.

Во таа насока најголем интерес побуди новиот тренд на тренинзи кои нудат географска и временска флексибилност за нивно следење, со што на слушателите им се остава слобода во изборот на термин и тема која сакаат да ја следат во било кое време од било која локација во светот.

Токму ваквата опција е главната причина за зголемување на трендот за посета на ваков тип виртуелни тренинзи и преминување кон нов стил на учење и едукација која е веќе препознатлива како основна метода во високо развиените земји.

Повеќе детали за овој тип на тренинзи можат да се најдат на следниве линкови:

Oracle Training On Demand:

Oracle Unlimited Learning Subscription:

Воедно дел од настанот беше посветен на презентација на  последните новини во рамките на Oracle базите и миграција на податоците, каде експерти на Сеавус во активна комуникација со присутните го пренесоа своето интернационално искуство.

Официјалните курсеви започнуваат да се нудат веќе од крајот на овој месец, а повеќе детали може да дознаете на : https://www.facebook.com/SEDCfanpage?fref=ts.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП