28 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈапонците го промовираа Халилхоџиќ во нов селектор

Јапонците го промовираа Халилхоџиќ во нов селектор

halihodzic

Фудбалската федерација на Јапонија, во четвртокот, официјално го претстави Вахид Халилхоџиќ како нов селектор на националниот тим. Јапонските медиуми пренесоа дека селекторот ќе има годишна плата од 2,2 милиони евра.

Халилхоџиќ беше без работа од ноември минатата година кога поради лошите резултати го напушти кормилото на турскиот прволигаш Трабзон.

Претходно тој беше селектор на Алжир и на СП во Бразил успеа оваа репрезентација да ја однесе во осминафиналето.

Инаку, претходниот селектор на Јапонија, Мексиканецот Хавиер Агире, доби отказ на 4-ти февруари поради наводна вмешаност во местење на резултати во шпанската лига.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП