2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРадичевиќ: На Динамо да му покажеме кој е газда на теренот

Радичевиќ: На Динамо да му покажеме кој е газда на теренот

pres zrk vardar

Ракометарките на Вардар против Динамо Синара, во последното коло во Групата 1 ќе решаваат која екипа ќе го освои второто место на табелата, место кое во четвртфиналето носи полесен противник.

Вардарки за да ја обезбедат втората позиција ќе мора да победат со девет голови разлика, со оглед на тоа што на првиот меч во Волгоград беа поразени со 33:25.

Во пресрет на мечот, тренерот на Вардар Индира Кастратовиќ вели дека нејзините избранички не се оптоваруваат со разликата и дека едниствено е важна победата на овој меч.

„Мечот во сабота е исклучително важен за нас. Многу луѓе на прашуваат за калкулациите пред овој меч, но ние сме екипа која не калкулира. Динамо е квалитетна екипа и важно е да победиме, а подоцна ќе видиме на кое место ќе завршиме во групата“, рече Кастратовиќ која на прес конференцијата пред мечот побара помош од публиката за како што рече „најважниот меч во сезоната“.

Кастратовиќ има само еден проблем во ростерот а тоа е Ања Атлхаус која се здоби со повредата на носот на мечот со Металург, во домашното првенство, но според лекарите таа ќе биде подготвена за мечот со Динамо Синара.

Убедливите победи во изминатите две рунди против Лајпциг и Крим се најава дека ЖРК вардар во финишот од сезоната влегува во посакуваната форма.

„Нас не интересира само победата, само тоа ни се врти во главите. Сакаме да покажеме дека не е случајно што влеговме во борбата за „Фајнал Фоур“. Верувам во екипата, сигурна сум дека ќе играме многу подобро него што тоа беше во Русија. Сепак не очекува тежок меч, екипата на Динамо има врвна бековска линија“, рече ракометарката на Вардар, Јованка Радичевиќ.

„Јас уште пред две средби, кога си ја закомпликувавме ситуацијата, реков дека на нас е да покажеме колку вредиме и дали заслужуваме пласман во четвртфиналето. Против Лајпциг и Крим покажавме колку вредиме, секоја од нас е доволно искусна и не би требало да сме под притисок. Едноставно од почетокот треба да покажаме кој е газда и дека ја сакаме победата“, дополни Радичевиќ.

Натпреварот помеѓу ЖРК Вардар и Динамо Синара ќе се одигра в сабота во СЦ „Јане Сандански“ со поечток во 19 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП