3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФИФА: Македонија 108-ма на новата ранг листа

ФИФА: Македонија 108-ма на новата ранг листа

mkd avstralija

Нов пад на ФИФА ранг листата на фудбалската репрезентација на Македонија. Во однос на изминатиот месец Македонија, назадуваше за четири места и сега се наоѓа на 108-та позиција, што е еден од најлошите рејтинзи на ФИФА листата.

Пред Македонија се наоѓаат Танзанија, Јордан, Антигва и Барбуда, Етиопија, Бахреин, Фарските острови, Боцвана и Доминиканска република.

Кога станува збор за противниците со кои Македонија игра во квалификациите за пласман на Европското првенствово 2016-та, послаб рејтинг има само Луксембург (136), останатите се пред „црвено-жолтите“: Белорусија (98), Украина (31), Словачка (22), Шпанија (11).

Во Топ 10 нема никакви промени до деветтото место прва е Германија па следуваат Аргентина, Колумбија, Белгија, Холандија, Бразил, Португалија, Франција, Уругвај. На десеттото место е Италија, додека од Топ 10 испадна Шпанија која се наоѓа на 11-то место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП